9.8 C
Скопје
07:48 - 29 март, 2024

МАРС ВО ЈАРЕЦ ИНСПИРИРА АМБИЦИЈА И СЕКС: Проверете што значи тоа за вашиот хороскопски знак

Одредени астролошки транзити се толку моќни што влијаат на секој хороскопски знак. Марс во Јарец е таков транзит кој влијае на нашата способност да бидеме реалистични и да ја најдеме правилната насока. Одлуките што ќе ги донесуваме ќе бидат амбициозни, добро осмислени и ќе имаат солидна цел: успех. Марс во Јарец исто така влијае и на сексуланиот живот, планетата ќе ви го разгори либидото и ќе ве доволи да си ги истражувате фетишите.

Овен

Марс во Јарец ќе ви влијае особено добро бидејќи ќе ве натера да се посветите на домот и семејството. Ќе се организирате добро и ќе поставите правила кои лесно ќе може се следат. На вашиот семеен живот му треба структура и лидер, а вам ви доаѓа тоа природно, што значи дека може да водите со љубов.

Бик

Марс во Јарец ќе ве вовлече во размислувања за кариерата и ќе ве натера да се чусвствувате дека не правите доволно. Сакате да бидете повеќе вклучени во креирањето на сопствениот живот, а помалку да зависите од тоа што се очекува од вас. Сега е совршено време да си го следите чувството во стомакот и да тргнете на непознат, амбициозен пат.

Близнаци

Марс во Јарец ќе ви дозволи да си дадете втора шанса и да се обидете уште еднаш да постигнете некоја „мртва“ страст од минатото. Враќањето на оваа страст може да има рехабилитирачки ефект врз вас и ќе донесе среќа и позитивен став. Никогаш не се сомневајте во себе. Флексибилноста е вашето средно име.

Рак

Овој транзит ви овозможува да оставите конфликтот за да можете да се концентрирате на она што ви е најважно. Време е да го положите мечот во случај да го користите. Со стоицизам проблем не се решава. Марс во Јарец има способност повторно да ве „загрее“ и би било добро да ја прифатите неговата енергија.

ШТО НИКАКО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ НА РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР, до 3. февруари: Златни правила за сите хороскопски знаци!

Лав

Марс во Јарец носи посериозна енергија, но нема да ѝ штети тоа на вашата игривост. Ќе чувствувате потреба за подобра рутина и можеби ќе сакате да усвоите духовна дисциплина во вашиот живот за да ги избалансирате работите. Работите функционираат подобро со план, рутината е клучна за време на овој транзит.

Девица

Марс во Јарец ја потврдува вашата работна етика и ви дава дека животот е поголем од само работа. Ќе бидете инспирирани да излезете, да правите планови, да се гледате со пријателите, ќе сфатите дека сакате да бидете социјални и дека од вас зависи дали ќе го остварите ова или ќе се вратите на работа. Излезете од дома, ќе ви направи добро.

Вага

Марс во Јарец ви дава до знаење дека треба да излезете од комфортот на сопствениот дом. Овој транзит ќе ве турне надвор од вратата на домот и на нови, можеби непријатни места. Искуството е прекрасна работа, а вие предолго си го негиравте тоа. Скокнете на возот и започнете го своето патување.

Скорпија

Марс во Јарец е одличен транзит кој ќе ви ја насочи страста на профеисонален план. Веќе долго време сакавте да продолжите со некоја можност, но таа голема операција не се појави на начин што ќе ви го улови вниманието…до сега. Ако гледате шанса да ја надградите вашата работна позиција, тогаш зграпчете ја.

СЕЗОНА НА ВОДОЛИЈА: Овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа, ќе ја спознаат слободата и ќе рушат граници!

Стрелец

Марс во Јарец ве поттикнува да ја уживате вашата независна природа додека ги искусувате радостите на дисциплината. Потребна ви е структура за вашата креативност. Обрнете внимание на времето и за да видите дали можете да работите во временски ограничувања.

Јарец

Марс во Јарец ви дозволува да бидете автентични на себе, до крај. Ова е времето на сè во што верувате: структура, планови, рутина, дисциплина, работна етика. Имате визија и знаете како да ја манифестирате. Директно се соочувате со конфликтот и го отстранувате од патот пред да предизвика дополнителни проблеми.

Водолија

За време на Марс во Јарец, може да се чувствувате помалку бунтовни и повеќе концентрирани на создавање совршена средина за семејните ситуации и секојдневните активности да поминат без проблем. Го цените мирот и недостатокот на драма и со збир на правила ќе го постигнете тоа.

Риби

Марс во Јарец ве принудува да се грижите за другите – пријатели, семејство, деца или љубовници. Толку сте чувствителни на потребите на другите што за време на овој транзит, нема да можете да си помогнете, туку да бидете тука за секој не кој сте потребни. Многу сте пристапни, а вашата емоционална стабилност ќе делува како камен за некој на кој му треба помош во моментов.

Слични објави

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо
Се вчитува....