8.8 C
Скопје
18:12 - 31 март, 2026

Славчо Попоски најавува невреме во Македонија, краткотрајно невреме и во Скопје

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Во Скопје иоколината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поголеми услови за нестабилност и на повеќе места ќе има утре, кога локално ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Пад на температурите за неколку степени ќе има во петок – вели метео прогнозерот Попоски.

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....