5.8 C
Скопје
05:55 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува: Многу топло време, еве до колку степени!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Попладне и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека попладне во делови од котлината можна е сосема ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Според Попоски,  утре и во вторник ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Пад на температурите на воздухот, засилен северен ветер и локална појава на нестабилност се очекува во среда, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....