17:08 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Многу студено и засилен ветер, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и умерен, а dолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели од државава- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Според Попоски и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено во текот на утрешниот ден ќе има и повремени локални врнежи од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштат дури и до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо
Се вчитува....