15:13 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Драстични промени на времето, проверете кога

– Како што најавивме и во следните денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно, повремено со сончеви периоди но и со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите од југоисточен правец. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Уште поголем пораст на температурите ќе има од четврток кога во најтоплите предели максимумот на температурата се очекува да се искачи до 20 степени. Тогаш и тоа поради високите температури на воздухот ќе дојде и до топење на снежната покривка на планинските места. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд. Минималните температури ќе се спуштаат помеѓу 1 и 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....