10.8 C
Скопје
17:11 - 30 март, 2026

Славчо Попоски најавува дождови во Скопје и невреме низ Македонија

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....