17:51 - 10 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува: Африкански бран многу високи температури, еве кога!

– Како што веќе најавивме, утре претежно во западните предели ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи, заислен ветер, а има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе бидат без поголеми промени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени. Услови за попладневна локална нестабилност ќе има и во првите денови од следната недела. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и температурите во почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, и во Скопскиот регион во следните денови има услови за локална попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на НЕВРЕМЕ и електрични празнења, како и СИЛЕН ветер, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на силен ветер, избегнувајте своите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....