13:45 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува: 35 степени, еве кога

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од Африка, во следните денови како што и најавивме времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а ќе биде и МНОГУ ТОПЛО. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето во текот на следните денови и да пијат што повеќе течности – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....