08:04 - 4 април, 2026

Славчо Попоски: Можно е пролетта побргу да ни дојде, следуваат температури до 23 степени, еве кога

– Под влијание на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛА воздушна маса која продира од југ, во Македонија во текот на оваа седмица времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево.

Зголемување на облачноста ќе има од четврток кога ќе започне да дува ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ од просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели овие денови температурите се очекува да се искачат дури до 23 степени.

Токму поради ова на планините и на Скијачките центри ќе продолжи топењето на снежната покривка.

Во Скопје и околината продолжува периодот на суво и невообичаено топло време за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 4 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени.

Ако продолжи ваквото време (НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО) оваа година ЗНАЧИТЕЛНО ПОБРЗО ќе започне будењето на природата кај нас – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....