6.8 C
Скопје
09:05 - 27 октомври, 2026

(Фото) Убавицата Џиџи Хадид сврте нова страница, не сака да губи време на заводници како Ди Каприо

Џиџи Хадид, минатата година беше во врска со холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, но тие повеќе не се заедно.

Извор близок до моделот изјави за „Пипл“:

„Џиџи не се гледа со него веќе некое време. Едноставно, одлучи да стави крај“.

„Тие не се на исти места во животот. Таа има приоритет да стане мајка“.

Романсата на Џиџи (27) и Леонардо (48) привлече интерес кај таблоидите. Но, според инсајдерот, нивната врска никогаш не била сериозна.

„Едноставно, се угаси“, додаде изворот.

Леонардо и Џиџи, која има двегодишна ќерка со пејачот Зејн Малик, последен пат беа видени заедно во ноември во ресторан во Њујорк.

Во меѓувреме, претходно овој месец, Џиџи откри дека самоизолацијата во екот на пандемијата ѝ го променил текот на нејзината кариера.

Русокосата убавица, која е една од најбараните манекенки во светот, објасни дека седењето дома и раѓањето на ќерката ја принудиле да го преиспита својот животен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....