6.8 C
Скопје
19:03 - 19 февруари, 2026

Славчо Попоски: Интензивни врнежи и многу променливо време, еве кога

– Следува период на МНОГУ променливо време. Поточно овие денови нашата територија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од запад кој ќе условуваат повремени врнежи од дожд и истите локално и повремено ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ.

Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2). Локално и тоа особено во недела ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Овие денови ќе дува и умерен, повременo и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата, додека максималните дневни и понатаму ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека во петок и во сабота во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до околу 20 степени.

Во Скопје и околината исто така овие денови ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....