5.8 C
Скопје
05:12 - 1 април, 2026

СИМПТОМИТЕ НА РАК НА БЕЛИ ДРОБОВИ СЕ „МЕШААТ“ СО СИМПТОМИ ЗА КОВИД: Ново истражување носи загрижувачки резултати – пациентите не реагирале навремено

Потребни се итни мерки за да се поттикнат луѓето со симптоми на рак на белите дробови навреме да одат на лекар, соопшти британската организација за истражување на ракот, бидејќи пандемијата ги влошила и онака лошите резултати во откривањето и лекувањето на ракот.

Анализата на податоците во Англија покажува дека во ноември минатата година  помалку 560 пациенти биле прегледани од специјалисти, што е за околу 10 отсто помалку од очекуваното. Истражувањето покажа дека голем дел од општите (матични) лекари изразиле загриженост дека пациентите не реагирале на време поради пандемијата.

Многу од симптомите на рак на белите дробови – како што се кашлица, замор и отежнато дишење – се слични на симптомите на Ковид-19.

 

Па така, според матичните лекари,  пандемијата довела до одложување на дијагностицирањето на ракот на белите дробови, бидејќи пациентите не реагирале посериозно на појавените симптоми.

Според истражувањето, се истакнува дека пациентите не сакале да одат во болници на дијагностички прегледи.

„Оваа пандемија навистина ги направи работите многу предизвикувачки“, рече д-р Џоди Мофат, раководителка на центарот за рана дијагноза на канцер, во Англија.

Инаку, околу 85 проценти од луѓето требаат да започнат со лекување во рок од 72 дена откако ќе им биде дијагностициран рак, но во ноември оваа бројка била 59 проценти, што е трет најлош здравствен резултат во историјата.

Дури околу 13.700 пациенти со рак на белите дробови биле лекувани со големо задоцнување.

Докторката Мофат вели дека ракот на белите дробови бара брза акција потенцирајќи дека  „доцнењето со денови или недели навистина може да направи разлика во спасување на животот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....