21.9 C
Скопје
21:32 - 9 јули, 2026

Што разговараше Путин со Шолц: „Ракетните напади врз Украина се одговор на мостот на Крим“

Рускиот претседател Путин разговараше за ситуацијата околу Украина со германскиот канцелар Шолц.

Германскиот канцелар Олаф Шолц му се јави на рускиот претседател Владимир Путин. Шефовите на државите разговараа за ситуацијата во Украина, пренесуваат руските медиуми. Рускиот лидер, како одговор на осудата на неговиот германски колега, рече дека ракетните напади на руските вооружени сили врз цели на територијата на Украина се „неизбежен одговор“ на нападите врз мостот на Крим и енергетските објекти.

Телефонскиот разговор меѓу Путин и Шолц се случил на иницијатива на германската страна, се наведува на веб-страницата на Кремљ. Се прецизира дека шефовите на држави разговарале за „различни аспекти“ на ситуацијата околу Украина.

„Владимир Путин уште еднаш детално ги објасни основните руски пристапи за спроведување на специјална воена операција. Фокусот го стави на деструктивната линија на западните држави, вклучително и на Германија“ се вели во соопштението.

Понатаму, на канцеларот му било ставено на знаење дека токму „сеопфатната политичка и финансиска поддршка за Украина води до фактот што Киев целосно ја отфрла идејата за какви било преговори“. Москва, исто така, смета дека позицијата на Западот „ги поттикнува радикалните украински националисти“ да „извршат нови крвави злосторства против цивилите“.

Путин го повика Шолц „да ги преиспита своите пристапи во контекст на украинските настани“, се вели во соопштението на Кремљ.

„Забележано е дека руските вооружени сили долго време се воздржуваа од ракетни напади врз одредени цели на територијата на Украина, но сега таквите мерки станаа принуден и неизбежен одговор на провокативните напади на Киев против руската цивилна инфраструктура, вклучително и Кримскиот мост и енергетски капацитети“, истакнуваат од прес-службата на рускиот лидер, пренесува газета.ру.

Британски Тајмс пак, објави дека Шолц, за време на тркалезната маса на конференцијата за безбедност во Берлин, рекол дека се надева на враќање на „предвоениот мировен поредок“ со Русија.

Тој појаснил и дека подобрувањето на односите е можно само ако „Путин е подготвен да се откаже од агресијата против своите соседи“.

 

Слични објави

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Еспресо

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо

(Фото) Ќерката на легендарниот Шабан Шаулиќ блесна на јахта среде Јадранот, ужива во луксузниот одмор

Еспресо

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Еспресо

(Фото) За Ирена Спировска најубавото зајдисонце е на Охридското Езеро

Еспресо

Вук Моб откри дека со години месечари: Искршил клавир, па поставил камери за да открие што прави додека спие

Еспресо
Се вчитува....