16:54 - 7 ноември, 2026

Шокантна исповед на Тереза ​​Кесовија за губењето на слухот: Публиката аплаудира, но јас ништо не слушам

Хрватската пејачка Тереза ​​Кесовија по низа здравствени проблеми ја изненади јавноста откако откри детали за својата здравствена состојба. Имено, таа во интервјуто за „Глорија“ вели дека веќе со години го губи слухот, но и видот.

Кесовија отворено проговори за нејзината здравствена состојба, таа вели дека користи слушно помагало, а истакна дека ѝ слабее видот што ѝ го отежнува читањето.

„Првпат го оперирав увото во 2008 година, во Загреб, а потоа и во Париз. Оттогаш користам слушен апарат, без него сум изгубенњ. После концертот гледам дека публиката избезумено аплаудира, но воопшто не слушам ништо, би се концентрирала, со години читам од усни додека некој зборува, но поинаку е кога слушаш глас. Нема предавање“, изјавила пејачката за „Глорија“.

Таа додаде дека никогаш не се обидела да го сокрие фактот дека користи слушен апарат.

„Зошто би? Ако се случи нешто со кое не можете да се борите и да се справите, помирете се и прифатете го. Не се ни обидов да сокријам ништо, научив да живеам со него. Не ми пречи, не го забележуваат ни другите. И во документарниот филм од 2019 година ‘Тоа сум јас’ зборувам за тоа“, додала таа.

Потсетуваме, Кесовија пред неколку месеци по пад, заврши во болница. Пејачката и минатата година не се чувствуваше добро, по што поради последици од срцев удар беше префрлена во болница. Нејзината здравствена состојба ја загрижи нејзината бројна публика, но Тереза ​​не сака да зборува за здравствените проблеми.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....