9.8 C
Скопје
13:24 - 1 април, 2026

Шест смртни случаи од „треска“ и стотици илјади заразени по првата инфекција со Ковид во Северна Кореа

Пјонгјанг, еден ден откако го призна присуството на вирусот во земјата, ги соопштува првите податоци: покрај шесте смртни случаи поради неидентификувана „треска“, се појаснува дека над 187.000 луѓе се „изолирани и се лекуваат“.

Северна Кореја објави дека шест лица починале вчера од „треска“, еден ден откако признаа дека епидемијата на Ковид пристигнала за прв пат во Пјонгјанг, најава што го поттикна лидерот Ким Џонг-ун да донесе одлука за „заклучување“ на сите градови во земјата и најригорозни мерки.

Повеќе од 187.000 луѓе, пак, се болни и  се „со треска“ , „изолирани се и се лекуваат“, ова го соопшти официјалната новинска агенција КЦНА, по откривањето на првиот официјален случај на коронавирус во земјата.

„Во моментов, до 187.800 лица се изолирани и се лекуваат“, објаснуваат од официјалната новинска агенција, прецизирајќи дека шест лица починале со симптоми на треска, а меѓу нив едно лице е позитивно на тестот „Омикрон“. Потврдени се 18 илјади случаи на Ковид, според она што го објави официјалниот печат на Пјонгјанг.

„Треската, чија причина не е идентификувана, експлозивно се прошири низ целата земја од крајот на април“, додава агенцијата.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....