3.8 C
Скопје
00:02 - 21 декември, 2024

Шерон Стоун искрено за посвојувањата на трите деца и животот на мајка: „Мојата најголема доблест е што ги преживеав предрасудите и злобата“

Шерон Стоун престана да бара „дозвола“ или „извини“ во моментот кога животот ја клекна „на колена“ со преживеаниот мозочен удар, а потоа = штом си ја врати моќта – се фокусираше на она што, како што вели, вреди повеќе од се останато, семејството.

Убавата холивудска глумица крена врева, но и сожалување меѓу фановите, вчера кога отворено изјави дека преживеала 9 спонтани абортуси. Дивата откри болен дел од својот живот, но таа упати и прецизни обвинувања во коментар на Инстаграм: „Тоа е нешто страшно со кое мораме да се соочиме и да издржиме сами и тајно, а и со одредено чувство на неуспех“. Изјавата на Стоун пристигна непосредно пред Судот во Америка да стави точка на правото на абортус предизвикувајќи денес бројни протести низ целата земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Но, да се вратиме на Стоун која не за првпат зборува на болната тема – деца, аборуси и најпосле – посвојувањето на трите нејзини деца кои ѝ го проемнија животот. Оваа прекрасна 64-годишна жена ја најде својата сила во мајчинството: кога нејзиниот најстар син Роан (сега има 22 година) сè уште беше бебе, нејзиниот брак со Фил Бронштајн пропадна и таа се најде не само како самохрана мајка, туку и болна. Со помош на родителите се впуштила во процес на рехабилитација и оздравување и решила да посвои уште едно дете Лерд (денес 17 години), несвесна дека малото момче има помал брат Квин (денес 16 години). Затоа таа не се двоумела и нему му ги отворил вратите од куќата. Денеска овие тројцамомчиња се сè што е важно за Стоун.

Стоун вака се сеќава на тој период, кога се справувала со болеста а истовремено треба да се грижи за бебе.
„Беше неверојатно тешко, не само затоа што мојот брак штотуку пропадна. Мама и тато решија да се преселат кај мене и тоа беше трауматично, неколку дена по 11 септември 2001 година. Но, по разводот решив дека сакам да посвојам, прво братче, а потоа и друго детенце, за кое не знаев дека има братче“, раскажува Шерон за италијанскиот весник „кориере“ по објавувањето на нејзината афтобиографска книга, минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

На што се сеќавате од тој период?
– Имав церебрално крварење девет дена, потоа следеше срцев удар и лекарите ми дадоа мали шанси да преживеам. Роан имаше само една година и се чувствував скршено со несреќен брак зад мене. Но, тоа е местото каде што започна мојот втор живот и решив да го ставам на хартија во мемоари за да им помогне на другите луѓе да се соочат со тешкотии во нивниот најтемен момент.

Дали беше комплицирано?
– Засега најтешката работа останува да се биде родител: кога ќе ти кажат за тоа немаш поим што да очекуваш, но истовремено нема ништо поубаво од тоа и оваа димензија ми станува се. Одговорноста ме натера да се чувствувам посилна, да се борам за важни причини, како што е борбата против СИДА-та и заштитата на децата, а чест ми е што ме замолија да зборувам и во Обединетите нации.

Која е Шерон Стоун приватно, далеку од центарот на вниманието?
– Жена која има впечаток дека живее во братство, со тројца тинејџери кои расфрлаат насекаде смрдливи чорапи. Кога сум дома често заборавам дека некогаш сум била филмска ѕвезда. Можеби моите деца не би поверувале дури и кога би ги гледале моите филмови од тоа време.

Се чини дека не се плашите од ништо. Дали е навистина така?
– Апсолутно не: Јас сум многу срамежлив по природа, но ги надминувам своите граници повторувајќи ја истата молитва, се надевам дека ќе можам да дејствувам за поголемо добро и да ја донесам до што повеќе луѓе. Токму затоа што сум интроверт, се фокусирам на сегашноста, на моментот. Но, јавното говорење отсекогаш ми бил огромен проблем. Кога како девојка во црква морав да кажам нешто на олтарот, гледав солзи како ми течат по образите, но тоа ми помогна затоа што сега го користам гласот за собирање средства, за да зборувам на медицински конференции, на пример, и таа граница ме поттикна да се оди понатаму за да се постигне нешто неизмерно поважно.

Дали брбеноста ја научивте од домашните?
– Сè уште го паметам точниот момент кога мама ми рече: „Треба да научиш да одиш со твоите нозе“. Тоа беше најголемата лекција бидејќи никој никогаш не се грижеше за неа и мораше да научи да го прави тоа сама. Таа реченица, која во тој момент ме повреди, беше нејзиниот начин да ми каже дека морам да се сакам себеси и да се држам за моето достоинство, никој никогаш да не ми го одземе.

Каква е семејната историја на вашата мајка?
– Мама беше ќерка на чистачка која беше оставена на деветгодишна возраст да се грижи за домашните работи во друга куќа. Затоа нејзината куќа беше секогаш чиста, а и мојата. Никогаш немала детство, таа беше практична личност, тврд човек. Пред неколку години ја прашав зошто никогаш не ми дозволи да се потпрам на неа, но потоа ми кажа за жртвите што ги направила како дете, пешачејќи преку три километри до училиште и веднаш по училиште – трчање на работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Peterson (@susanp)

Дали ја наследивте од неа работната етика?
– Апсолутно, но кога наполнив 40 години и Холивуд ми го сврте грбот, не беше лесно да ги воспитам моите деца самостојно, особено финансиски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Дали сите тие се уметници?
– Само малиот го интересира светот на забавата, љубител е на анимација и посетува часови по глума, но не сака да навлегувам во неговиот свет, вели дека тоа е негово. Најстариот син посетува училиште за да стане готвач, додека средниот сонува да стане кардиохирург. И на секој од нив, а сите тројца ми се омилени од различни причини, избегнувам да им давам совети. Мојата најголема доблест е што преживеав…

Што прежиеавте?
– Дури и предрасуди и злоба. Смислата на животот е љубовта: ниту еден ѕид не ве одржува безбедни, само дојдете да се запознаете, разговарате и ќе разберете се.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....