22.8 C
Скопје
17:09 - 16 април, 2025

Шакира никогаш не ја прифатиле пријателите на Пике: ѝ дале презирен прекар

По разделбата со Пике, Шакира ништо не ја врзува за Барселона: откриени се односите на пејачката со пријателите и соиграчите на Пике, но и нивните сопруги, пред се сопругата на Меси, Антонела Рокуцо. Прекарот кој ѝ го дале на Шакира кажува се.

Згодниот успешен фудбалер и кралицата на латиноамериканската музика се разделија: 12-годишната приказна меѓу Шакира и Жерар Пике, со две деца и слика на среќно семејство, заврши.  Сè се распадна со желбата на играчот на Барселона да побегне од врската која очигледно веќе не му била задоволувачка како порано. Објавувањето на разделбата меѓу двајцата на 4 јуни беше само последниот чин од неколкумесечната разделба на двојката: Пике се повеќе се предава на каталонските ноќи, Шакира пак, ангажирала приватен детектив, и се откриваат неверствата почнувајќи од 22 годишна келнерка.

Пејачката веќе планира да се врати со двете деца во Мајами, но во таа намера може да ја спречи само судот доколку Пике изрази желба децата да растат во негова близина.

Во меѓувреме, испливаа во шпанските медиуми и катастрофалните врски на Шакира со семејството на Пике, особено со мајка му со која секогаш биле на нож.

Што се однесува до опкружувањето на 35-годишниот фудбалер, шпанските медиуми откриваат дека Шакира никогаш не им била ни најмалку симпатична на пријателите на Пике, кои и дале презирен прекар „Ла патрона“ (се мисли на светица заштитничка).

Слични објави

Дивеел по улиците: Ѓорѓе Давид направил тежок сообраќаен прекршок, еве каква казна го чека

Еспресо

Два месеци по нивната смрт: Џин Хекман и неговата сопруга конечно погребани

Еспресо

(Фото) Маја Беровиќ ја покажа тетоважата на интимниот дел од телото: Има голема симболика!

Еспресо

„Одам дома, не ми треба повеќе“: Ѓани за 5 минути земал 15.000 евра бакшиш

Еспресо

(Видео) Цеца излезе со внука ѝ да се забавува: Се појавија на настан каде ги пречека Војаж

Еспресо

(Видео) Ема Радујко првпат во јавноста откако се дозна дека е со Гудељ: Еве што одговори на прашањето за нејзиното момче

Еспресо