11.8 C
Скопје
15:22 - 30 март, 2026

Северина завршила во полиција поради навреда на службено лице; СЕВЕРИНА: „Вистина е!“

северина

Кон средината на април, Центарот за социјална работа на Максимир, Хрватска, поднел пријава против пејачката за нарушување на јавниот ред и мир.

Според извештајот, Северина ја навредувала и омаловажувала службеничката во Центарот за социјална работа, а пејачката сега првпат јавно проговорила за тоа, признавајќи дека поради ова била во полиција на разговор, пренесува глорија.хр.

– Единствено точно е дека бев во полиција, зашто наводно сум ја навредувала службеничката. Пријава се уште нема, колку што јас знам, а веројатно би знаела. Бев во Јавното обвинителство зашто ме пријави поранешната управителка на Поликлиниката и актиелна директорка на она училиште кое децата ќе ги запишува без приемен испит. Јас секогаш уредно одам, поразговарам со органите за ред, тие мене ми се заблагодаруваат, а и јас нив, ми велат дека сум доста екстензивна во своите искази и тоа е тоа – рекла Северина.

Да потсетиме, загрепската полиција излезе со соопштение во кое објасни што се случило.

„Ве информираме дека полициските службеници на полициската управа на Загреб ја завршија кривична истрага против 50-годишната жена поради сомнение дека сторила прекршок опишан во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на штета на вработен во Центарот за социјална работа во Загреб.“ судот во Загреб“ информираа за медиумите од Загребската полициска управа.

 

Слични објави

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо
Се вчитува....