11.8 C
Скопје
21:36 - 14 октомври, 2026

Дејвид и Викторија Бекам се „скршени“! Бруклин не ги поканил на обновата на заветите со сопругата, дознале од медиумите

Дејвид и Викторија Бекам стравуваат дека нивниот најстар син Бруклин „се откажал од семејството“ откако не поканил ниту еден од своите роднини на неговото тајно обновување на заветите со неговата сопруга Никола Пелц, пишува „Дејли мејл“.

Бруклин и Никола Пелц, кои првпат се венчаа во 2022 година, рекоа „да“ по вторпат на 2 август во округот Вестчестер пред нејзиното семејство, додека никој од Бекамови не беше присутен на церемонијата.

Никола ја носела винтиџ венчаницата на нејзината 70-годишна мајка од 1985 година за големиот ден, додека нејзиниот татко Нелсон (83), ја доби клучната улога да ја води свадбата.
Родителите, браќата и сестрите на Бруклин, наводно дознале за нивниот голем ден откако прочитале за тоа на веб-порталите.

Нивниот најстар син се оддалечува сè повеќе од семејството откако го прескокна 50-тиот роденден на својот татко, а сега семејството стравува дека ова е последен удар за семејството.

Извор за „Сан“ изјави: „Ова беше последен удар за Дејвид и Викторија. Тоа што никој не присуствувал на церемонијата беше срцепарателно, особено за Дејвид. Ниту еден член од поширокото семејство, кое брои над 30 членови, не знаеше за свадбата, ниту беше поканет.“

„Неговите баба и дедо се исто така скршени бидејќи Бруклин отсекогаш бил толку близок со нив.“

Изворот додаде: „Се чини дека сето тоа е сурово и злобно. Ова повеќе не е игра. Отиде подалеку. Семејство чувствува дека го изгубило своето драгоцено момче – и не гледа начин да го врати.“

Слични објави

Еве со што се занимаваат свекрвата и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ: Имаат приватен бизнис во Требиње

Еспресо

(Фото) Најзгодниот турски актер драстично го промени имиџот: Ги „распамети“ обожавателките

Еспресо

(Видео) Приватно езеро и многу зеленило – Анастасија Ражнатовиќ покажа дел од новиот дом во Мадрид каде што живее со Немања и синот Илијан

Еспресо

(Видео) Емотивен момент во домот на Балашевиќ – Оливера го заспива внукот Ѓорѓе со песна што буди спомени за покојниот сопруг

Еспресо

Погребан Горан Баре, свештеникот зборувал за неговите пороци: „Тоа те туркаше во темнина“

Еспресо

Актерот Дритон Вејсели заврши во болница: Наместо во студио, на инфузија сум

Еспресо
Се вчитува....