12.8 C
Скопје
10:01 - 20 април, 2024

Селин Дион ја отвори душата: Никогаш во животот не сум бакнала друг човек! (ВИДЕО)

Никогаш во животот не сум бакнала друг човек, вака го почнува своето сеќавање на љубовта единствената Селин Дион (51).

Пејачката имала само 12 години кога го запознала Рене Анжелил. Тој тогаш имал 38 години и станал љубовта на нејзниот живот!

Колку Рене бил сигурен во талентот на Селин, сведочи и фактот дека ја ставил куќата под хипотека за да го финансира првиот албум на сеге веќе светски популарната музичарка.

Кога првпат слушнал како Селин пее, Рене знаел дека таа ќе направи голема кариера.

Се чувствував самоуверено, бидејќи тој човек не ме третираше во смисла: „Еј здраво кукло“, или „срце мое“ – се сеќава пејачката.

Благодарение на Рене, Селин доби шанса да го покаже својот талент и да стане голема ѕвезда во шоубизнисот.

Таа полека почнала да се вљубува во него, но врската ја почнале кога Селин наполнила 20 години.

Секогаш бевме заедно. Патувавме заедно и постојано се дружевме. На разделбите секогаш се бакнувавме во образ, а една вечер, додека се збогувавме, се бакнавме во уста и тогаш сè се промени – своевремено раскажуваше Рене за медиумите.

Поради страв од различните сфаќања, парот својата врска ја откри дури пет години подоцна. Тие се верија во 1991 година, а се венчаа три години подоцна.

По „Титаник“, Селин стекна глобална популарност, но среќата им траеше до 1998 година, кога открија дека Рене има рак на грлото.

Фото: Профимедиа

Селин во тој период ги остави сите обврски зад себе за да биде покрај својот сопруг. По излекувањето, парот доби три деца – Шарл, Еди и Нелсон.

Сепак, во 2013 година ракот повторно му се врати на Рене.

За сите нас беше исклучително тешко. Посебно за мене бидејќи го гледав човекот кој го сакам како умира, малку по малку, секој ден – вели Селин.

Рене почина во јануари, 2016 година, а Селин остана без партнер по 21 година брак.

Го сакам. И понатаму сум заљубена во него – признава Селин.

Celine Dion and René Angélil's Relationship Story

René made Celine a huge star and she started to fall in love with him

Publiée par Yes I Do sur Jeudi 23 mai 2019

Слични објави

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо
Се вчитува....