Проблемите меѓу Северина Којиќ и таткото на нејзиниот син, нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, постојано ги преплавуваат медиумите во последно време.
Еден од тие проблеми беше и кога минатата недела Северина се обиде да го посети својот син, а Милан не ѝ дозволи со изговор дека се во самоизолација.
„Дојдов во Србија затоа што таткото на мојот син реши да ја помине цела недела овде. Од саботата чекам и се молам да го видам осумгодишно дете кое цели пет дена не ја видело својата мајка. Не ми дозволи во саботата, ниту во неделата… Тој ми рече дека е со браќата, и дека ќе ми го даде во понеделник. Потоа се предомисли. И кога конечно дојде вторник, денот кога плачам, наместо да го гушнам моето најмило, неговиот татко се стави и себе си и него во самопрогласена самоизолација, заради патувањето во Австрија, кое тој претходно воопшто не ми го пријави“, напиша тогаш пејачката.
По овој повод, се огласи и сопругот на Северина, Игор Којиќ, објавувајќи на својот инстаграм-профил фотографија на која што напиша:
„Овој човек по којзнае кој пат измислува приказни и ги пласира во медиумите за да ја дискредитира мојата сопруга како жена и како мајка, ја направи конфликтна и подла личност, да не кажам нешто полошо. Вистината е дека јас и мојата сопруга влеговме во Србија на 12 март од Хрватска (не од Швајцарија). Вонредната состојба и мерките за изолација се воведени од 16 март. Единствената вистина е дека овој човек не сакаше да го предаде детето на неговата мајка на 5 часовното дружење, откако таа го немаше видено цели 5 дена, а само десетина пати во последните 4 месеци. Тој прогласи самоизолација и не пријави на надлежните органи мене и мојата сопруга за така да може да го изолира детето од својата мајка, а не од короната. Каков човек мораш да бидеш за во ова време кога треба сите да бидеме заедно и поддршка едни на други, ја користиш ситуацијата за личен бенефит и понижување на личност у приватно и по пат на медиуми, а таа е мајката на твоето дете… Тоа не го прават луѓе, тоа не го прават животни, тоа го прават само длабоко несреќни луѓе“, напиша Игор.