8.8 C
Скопје
16:33 - 19 февруари, 2026

Се огласи полубратот на Меган Маркл: Последната желба на татко ни е да го види својот внук Арчи!

Детали за нарушениот однос на војвотката од Сасекс Меган Маркл и нејзиниот татко Томас, не престануваат да ја интригираат јавноста. Откако Томас изјави дека ќе сведочи против неа на суд, но и дека го „поефтини кралското семесјство“, во 90 минутниот документарец, тој изјави дека бил љубоморен на принцот Чарлс кој на денот на венчавката на неговиот син Хари, ја испрати Меган до олтарот. Сега, после сето ова се јави нејзиниот полубрат, кој за „Daily Express“ вели дека е лут на неа, но и дека тагува поради некои работи.

„Мислам дека татко ни, без разлика на некои грешки, заслужува да ја чуе да му се заблагодари, бидејќи благодарение на него Меган е таму каде што е. Татковата животна желба е во живо да го види својот внук, малиот Арчи. Мислад дека ќерка му барем толку му должи“, раскажал и признал дека му е жал што на некој начин тој е крив за немирот во семејството. Потсетуваме, Томас Џуниор неколку пати има кажано дека презимето Маркл му има донесено сaмо лоши работи. Тој признава дека не се однесувал соодветно, но смета дека тоа не го направила ниту Меган, поради што мисли дека и таа би требала да поработи на односот со татко ѝ.

View this post on Instagram

I hope they step back .

A post shared by Thomas Markle (@thomas_markle_official) on

„Татко ни е стар. Има 75 години. Не му преостанува уште многу време. Зборував со него пред некој ден и го прашав дали мисли дека овој пристап во весниците дополнително ќе им наштети на односот. Тој ми рече дека е дојден до фаза каде повеќе не го интересира дали Меган ќе се врати во неговиот живот или не. Фрустриран е бидејќи не може да и прати порака, но и го нема нејзиниот број“, истакна тој со надеж дека Меган ќе ја види оваа негова порака.

Исто така, Меган го нема видено својот татко од мај 2018 година, кога се омажи за принцот Хари, со кој денес ужива далеку од кралското семејство. Томас од самиот почеток не ѝ пружи поддршка на својата ќерка, поради што тие и денес не разговараат. Судејќи според сите работи, оваа комплицирана приказна не застанува тука, откако една од страните вплеткани во оваа приказна повторно проговори.

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....