1.8 C
Скопје
23:34 - 21 декември, 2024

„Се криела под трупови за да преживее“: Тажна животна приказна на Мила Јововиќ и нејзиното семејство! (ФОТО)

Актерката Мила Јововиќ (44) важи за позитивна и секогаш насмеана жена, а за тажната животна приказна која ја следи нејзиното семејсво, но и неа, малкумина знаат.

Иако отворено зборувала за тоа, Мила не сака да се навраќа во минатото, туку со многу надеж и очекувања гледа напред.

Таа во една прилика ја споделила судбината на својата баба која за време на Втората светска војна била медицинска сестра, но отворено зборувала и за своите болни моменти – кога го изгубила бебето.

Бабата на Мила, Татиана Иавановна за време на војната како медицински работник се борела да спаси туѓи животи, но го спасувала и својот со тоа што се криела под  трупови.

– На 16 години се придружила во војската како болничарка и стигнала до Берлин. Спасувала туѓи животи, но и својот додека се криела под  трупови за да преживее. Имала тежок живот, секојдневно гледајќи ја смртта. Потоа се вратила и започнала свој живот од нула, одгледувајќи две деца како самохран родител. Секогаш ќе се сеќавам на тоа колку беше неверојатна – напишала актерката пред година дена на Инстаграм, кога за првпат прозборе за својата баба.

Таа истакнала дека имала среќа што со својата баба ги поминала последните нејзини денови. Заедно шетале и зборувале за животот. Актерката тогаш и објави фотографија од својата баба од нејзините млади денови и од таму може да се види дека Мила ја наследила нејзината убавина.

Актерката исто така имала тежок период во животот, кога во четвртиот месец од нејзината бременост имала спонтан абортус.

– Пред две години имав спонтан абортус. Бев бремена во четвртиот месец и снимав на локација во источна Европа. Дошло до компликација и добив труднички болки. Абортусот во тоа тоа време беше единственото решение. Не ми дадоа никаква анестезија, морав да бидам будна за време на зафатот. Тоа беше едно најстрашните искуства кои сум го имала во животот. И денеска имам ноќни мори, бидејќи бев сама и безпомошна. Кога ќе помислам дека жените морат да поминуваат со абортус во уште потешки услови поради новиот закон, ми се превртува желудникот – напишала Мила минатата година.

Инаку Мила на почетокот на фебруари на свет ја донесе својата трета ќерка Ошин Ларк Елиот Јововиќ Андерсон, а само недела дена по породувањето објави дека нејзината наследничка има тежок облик на жолтица.

Фото: Инстаграм

– Нема ништо послатко од тоа да видите како вашите деца се сакаат и го ценат зеаднички поминатото време. Дашијел не може да се засити од своите сестри и ги храни кога и да може. Ошин има жолтица која не може да се реши и цела недела сме во болница. Ми кажаа дека мора да пие што е можно повеќе млеко, бидејќи така побрзо ќе оздрави. Сепак, таа многу брзо заспива за време на доењето, па моравме да ја храниме со флаша со цел да испие повеќе млеко – напишала тогаш Мила на Инстаграм.

– Малечката има толку многу гребаници по петите, па мораа да и вадат крв и да прават тестирање за антитела. Срцето ме боли кога мислам на тоа. Сепак, се надеваме дека тестот кој денес го правевме ќе биде добар – додала актерката.

 

 

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....