7.8 C
Скопје
10:24 - 1 април, 2026

Само делува самоуверено: Роби Вилијамс откри зошто одбил да го замени Фреди Меркјури во „Queen“

Пејачот Роби Вилијамс откри дека имал прилика да го замени Фреди Меркјури во групата „Queen“, но дека ја одбил таа понуда уште пред Адам Ламберт да го заземе тоа место. 

Брајан Меј и Роџер Тејлор беа воодушевени од вокалните способности на Роби Вилијамс, кога првпат ја слушнаа неговата верзија од нивната песна „We are the champions“, по што му понудија да стане фронтмен на бендот, но тој ги одби.

Иако Роби е познат по своите „откачени“ настапи, се чини дека пејачот се плаши од тоа дека нема да може да ги исполни очекувањата.

Дури иако сум доста сигурен со микрофон во раце, имам многу малку самопочит кон себе – изјави Вилијамс.

Тој додаде дека за него Фреди Меркјури е како ангел и дека чувствува премногу страв од идејата дека треба да застане на сцена и да го заземе неговото место.

За ова место доволно храброст сепак собра пејачот Адам Ламберт, кој ги предводи „Queen“ уште од 2011 година, а Роби, кој сепак беше прв избор за оваа позиција, за Ламберт рече дека е „неверојатен пејач“.

Роби, додаде дека чувствувал преголема одговорност уште од самата помисла дека токму тој треба да го замени Фреди, па затоа не можел да ја прифати понудата. 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....