17:25 - 30 јануари, 2026

Роден е тапанарот Карл Палмер, „The temptations“ го објавија својот деби албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музиката посебно ќе го паметиме по дебитантскиот албум на соул составот „The temptations“, кои за првпат им се претставија на пошироката јавност, но и по други работи кои оставија голем белег во оваа уметност.

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа историјата на музиката на 20 март:

1950 година – Роден Карл Палмер, британски тапанар, кој свиреше во групите „Crazy world of Arthur Brown“, „Atomic rooster“, „Emerson Lake and Palmer“ и „Asia“.

1964 година – Американскиот пејачки соул состав „The temptations“ го објавија дебитантскиот албум „Meet the temptations“, кој им го донесе првиот голем хит сингл – „The way you do the things you do“.

1981 година – Родена рок пејачката Ирина Капетановиќ, која поради бојата на гласот и енергијата со која располагаше на сцената многумина ја споредуваа со Џенис Џоплин, иако таа се инспирираше од рок вокалите на Дејвид Ковердејл и Брус Дикинсон.

1984 година – Сплитската група „Стијене“ заврши со работа на својот трет студиски албум – „Балканска корида“. Повеќето од 11-те песни ги напиша лидерот на групата и клавијатурист Марин Мишо Лимиќ.

Нумерата која го одбележа овој албум и за многумина претставува најпознат наслов од овој бенд е токму насловната песна, „Балканска корида“, но внимание заслужува и една балада отпеана на англиски јазик – „It’s so Unusual“.

2003 година – Во Загреб е воведена нова хрватска музичка награда – „Златна коогла“. Прогласувањето на добитникот е објавено без музичка програма, која почнува да се организира од следната година.

2009 година – Почина Владимир Савиќиќ Чоби (61), поп пејач роден во Ниш, а музичката кариера ја почна во Сараево, каде во 1967 година ја основаше групата „Вокинс“. Откако групата престана да постои, Чоби продолжи со соло кариера и сними 50 сингл плочи, 30 албуми и издаде три цедиња.

Слични објави

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо
Се вчитува....