12.8 C
Скопје
18:15 - 17 октомври, 2026

На денешен ден е роден Бајага, а светот се збогуваше од единствениот Бон Скот: Настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Балканскиот музички свет ќе го памети 19 февруари како ден кога е роден еден од највлијателните музичари на овие простори – Момчило Бајагиќ Бајага, додека на глобално ниво, светот на овој ден се сеќава на трагичната, а воедно и бизарна смрт на човекот со најуникатниот глас на светот, Бон Скот, поранешниот главен вокал на славните „AC/DC“. 

1878 година – На овој ден во американскиот регистар во 1878 година под број 200.521 е регистриран патент на 31-годишниот американски иноватор Томас Алва Едисон. Едисон патентираше уред кој регистрирал звук со вертикално здебелување на лимен „фонографски цилиндар“. Овој изум подоцна помогнал за создавањето на грамофонот.

1940 година – Роден Смоки Робинсон, американскиот ар-ен-би, соул и поп пејач, продуцент и автор. Американската Конгресна библиотека му додели награда за животен придонес во популарната музика.

1948 година – Роден Тони Ломи, гитарист на легендарната хеви метал група „Black Sabbath“ и неофицијалниот „татко на хеви метал музиката“.

1957 година – Роден Фалко, австриската интернационална ѕвезда, чие вистинско име е Ханс Холзи, а кој се смета за еден од првите рапери.

1960 година – Роден Момчило Бајагиќ Бајага, лидер, гитарист, пејач и автор во групата „Бајага и Инструктори“. Музиката на Бајага остави длабок печат на Балканот, а музичарот е активен и денес.

1980 година – Почина Бон Скот, пејачот на австралиската хард рок група „AC/DC“. Скот издаде шест албуми со оваа група, а последниот беше „Highway to hell“, промовиран во далечната 1969 година. Смртта на пејачот претставуваше бизарна трагедија: Откако претходната вечер бил премногу пијан, Скот утрото беше пронајден во својот автомобил пред куќата каде била организирана забавата, а медицинските лица заклучиле дека тој заспал, односно се загушил, откако претходно повратил.

1986 година – „Дивје јагоде“ настапија во легендарниот лондонски Marquee клуб, во кој во текот на1960-тите години свиреа речиси сите најзначајни светски рок изведувачи, од „Rolling Stones“, „Led Zeppelin“ и „The who“, до Џими Хендрикс и „Pink Floyd“. За „Дивје јагоде“ тоа беше вовед во целата серија на настапи по клубовите ширум Англија, на кои го промовираа интернационалното издание на синглот „Sheila“, односно свои постари песни кои ги изведуваа на англиски.

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....