23:17 - 2 април, 2026

Принцот Хари и кралот Чарлс одредиле датум за „мировни разговори“: Крај на врската со Меган Маркл?

Британскиот крал Чарлс Трети (74) и неговиот најмлад син, принцот Хари (38) треба да се сретнат на „мировни разговори“ на 17 септември 2023 година, известуваат странските медиуми.

„Кралот Чарлс треба да се врати во Лондон од Балморал во средината на септември, што се поклопува со крајот на посетата на Хари на Игрите Инвиктус во Дизелдорф“, вели инсајдер за списанието Ок.

„Кралот ја презакажа својата официјална посета на Франција на 20 септември, па [тој] има неколку слободни денови во Лондон за да се сретне со својот син“, додаде изворот.

Претставниците на војводата од Сасекс ги негираа информациите за средбата на кралот и неговиот најмлад син. Сега се очекува коментар од Бакингемската палата.

Тензијата меѓу Хари и неговото кралско семејство е актуелна во последниве години, особено по објавувањето на мемоарите во кои војводата тврдеше дека неговиот татко го нарекувал „резервна варијанта“ уште од раѓањето.

Недоразбирањата се разгореа и со тоа што  принцот Хари и Меган Маркл дадоа интервјуа за Опра Винфри, во кое го критикуваа нивниот ивот во кралското семејство, а потоа објавија и серија на Нетфликс насловена Хари и Меган.

Да потсетиме дека принцот Хари нема да може да се смири со Кејт Мидлтон без дозвола на неговата сопруга, и дека Мидлтон веќе стапила во контакт со Хари со желба да се помират. Според гласините, обидот за помирување на кралското семејство со „проблематичниот син“ доаѓа откако се разгореа гласините за нестабилност на бракот на Хари и Меган Маркл и можен развод.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....