16.5 C
Скопје
02:20 - 3 јуни, 2026

Том Круз ја напушти скиентолошката црква: „Три години не стапнал во седиштето каде редовно доаѓаше со хеликоптер“

Актуелни се гласините за можното заминување на Том Круз од скиентологијата, при што вестите укажуваат дека тој ги прекинал посетите на седиштето во Англија, во Ист Гринстед, а тоа пак,  предизвика шпекулации дека Круз можеби се откажал од контроверзната религија.

Ѕвездата на „Невозможна мисија“ не е забележана во седиштето на скиентолошката црква околу три години, иако неговите обврски за снимање на продолжението на „Невозможна мисија“ го задржаа главно во Лондон, а престојувал и во Бирмингем и Котсволдс. Сепак, тој не заминал во Ист Гринстед.

Скиентологијата, конципирана од американскиот автор Л. Рон Хабард, еволуираше во глобална црква со уникатен сет на верувања и практики. Централно место во доктрината на Скиентолошката црква е идејата дека личноста е духовно, бесмртно суштество – наречено тетан – кое привремено престојува во физичко тело.

Шпекулациите околу потенцијалното оддалечување на Том Круз од скиентологијата започнаа во 2021 година, по неколку години откако тој беше една од најистакнатите фигура на оваа религија. Новите гласини за неговото отсуство од црквата во последните три години само ги интензивираа  дискусиите и сомнежите во јавноста воопшто за неговите врски со црквата.

Сепак, треба да се напомене дека Скиентолошката црква работи и во центарот на Лондон, оставајќи ја отворена можноста Том наместо на главната филијала, да ја посетувал лондонската. Инаку, седиштето во Западен Сасекс го купи Л. Рон Хабард уште во 1959 година. Претходно, Том беше познат по тоа што го користеше својот хеликоптер за да стигне до оваа област и да ја посети црквата. Претставниците на Том се уште не ги коментирале овие гласини.

Како признат амбасадор на црквата, Том Круз е еден од најпрепознатливите нејзини членови. Покрај него, познати следбеници се и други познати личности како Џон Траволта, Ненси Картрајт и Елизабет Мос. Имаше тврдења дека цврстата поддршка на Том за црквата му донела речиси божествено почитување од членовите. Тој дури водеше кампања за скиентологијата да добие религиозно признание во Европа.

Размислувајќи за неговата религиозна припадност, Том своевремено отворено проговори за оваа религија и спомна дека неговата поранешна сопруга, Кејти Холмс, поднела барање за развод делумно поради нејзината резервираност за вмешаноста на нивната ќерка Сури во скиентологијата.

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Вељко и Богдана Ражнатовиќ уживаат заедно, позираа со најстариот син

Еспресо

Исповед на Сенида: Зад рефлекторите и сцената, јас сум само жена која му верува на своето срце

Е.А.

(Фото) Вулгарни навреди за сопругата и ќерката на Миро Кацаров, водителот се огласи лут

Еспресо

Неда Украден откри дека би простила неверство: „Не е реално да се сака само една личност“

Еспресо

Ана Бекута скршена од тажната вест, се обрати до семејството на Халид Бешлиќ

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус ужива на Истра – ги истакна облините во минијатурно бикини

Еспресо
Се вчитува....