9.8 C
Скопје
14:26 - 31 март, 2026

ПРЕВКУСНИ! МОРА ДА ГИ ПРОБАТЕ ОВИЕ ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ: Рецепт за омилениот ручек за зимски период

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес нашата драга Теа со сите вас споделува превкусен рецепт за полнети пиперки.

– Обожавам полнети црвени пиперки! Слободно можам да кажам дека е едно од моите омилени традиционални готвени јадења кои често се дел од моето мени за ручек, вели Теа и додава – Секогаш кога правиме ајвар си замрзнувам одредена количина црвени пиперки за да си го подготвувам овој омилен ручек за време на зимскиот период.
фото – приватна архива

Потребни состојки: (8 пиперки)

▪️8 средни црвени пиперки
▪️400 гр. мелено месо
▪️100 гр. ориз
▪️1 главица кромид
▪️100 мл. сос од домати или два свежи домати
▪️1 компир
▪️магдонос
▪️сол и бибер
▪️мешан сув зачин
▪️1 лажичка црвен пипер
▪️масло

Начин на подготовка:

Во тавче ставете масло да се загрева. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи во загреното масло. Пржете 2-3 минути и потоа додадете го месото. Додека го пржите месото со лажица убаво иситнете го, додадете го доматите, пржете уште некоја минута и на крај додадете го оризот. Посолете и зачинете по желба, додадете црвен пипер и ситно сецкан магдонос, убаво измешајте и тргнете го тавчето од оган.
Во тавче за печење обложено со мрсна хартија наредете ги пиперките и со лажичка распоредете ја смесата во сите пиперки подеднакво. Затворете ги пиперките со тенки кругчиња компир. Во тавчето во кое се пржеше месото ставете 2 чаши вода и малку сол и мешан сув зачин. Загрејте ја водата и истурете ја врз пиперките. Завиткајте го тавчето со алуминиумска фолија и ставете го во загреана рерна на 250 степени 30 минути. Потоа извадете ја фолијата и вратете го тавчето уште 10-15 минути за да се запечат одозгора.
На здравје!

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....