21:45 - 18 август, 2026

Претсавниците на Украина: „Еден од нас остана во Киев да се бори“,„Ќе му се придружиме после Евровизија“

Оркестарот Калуш – претставници на Украина- синоќа доби огромни овации по изведбата на синглот Стефанија на Евровизија. Се пласираа во финалната вечер. 

Претставниците на Украина, сепак, пристигнаа во Торино благодарение на „специјалната дозвола од нивната влада“, но бендот не беше комплетен. Еден од музичарите, всушност, останал во Киев да се бори за одбрана на градот.

„Еден од нас се бори во Киев за да го одбрани градот“ – изјави оркестарот Калуш за дневниот италијански весник „Ла Стампа“.

„Како се навикнуваш на војна? Не се навикнуваш на тоа. Се будите секое утро со експлозии и никогаш не знаете дали вашето семејство или пријатели се уште се живи, бидејќи секој ден десетици проектили ја погодуваат Украина. Никогаш не знаете кој е следниот град или место кое ќе биде погодено од нападите. Како можеш да се навикнеш на тоа?“, одговара еден од музичарите на оркестарот на прашањето на новинарот како се живее во Украина.

Во однос на натпреварот во пеење, момците коментираат: „Пред војната ни го дадоа петтото место, тоа значи дека песната им се допаѓа на Европејците и тоа става уште поголема одговорност на нашите раменици“.

Оркестарот Калуш е составен од рапер, четворица музичари, и двајца хористи. Нивната песна е микс на стилови чија мисија е да ги доближи младите до народната украинска музика.

„По Евровизија се враќаме во Киев, немаме закажани концерти“

„Постои ризик фолкот да исчезне, но со комбинирање со рап веруваме дека создадовме микс кој функционира. Има многу бендови кои се занимаваат со фолк и други кои се занимаваат со модерна музика, но ниту еден од нив не се споредува со нас. Стефанија [синглот што се натпреварува на Евровизија,] го напишав за мајка ми долго пред војната, сега доби ново значење бидејќи многу луѓе ги загубија своите мајки или им недостигаат. Други, пак, ја чувствуваат Украина како своја татковина и затоа песната им стана драга по избувнувањето на војната“.

По Евровизија, оркестарот Калуш нема закажани концерти, бидејќи „штом завршиме тука ќе треба да се вратиме во Украина, каде што имаме обврски“.

Слични објави

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо

(Фото) По семејниот одмор во Египет — Сара Мејс запеа во розов фустан со пердуви во Крушево

Еспресо
Се вчитува....