16:02 - 27 ноември, 2026

Премиерот на Грција: Човечка грешка ја предизвика трагичната железничка несреќа

Една од најтешките железнички несреќи во Грција, која однесе најмалку 43 животи, е предизвикана од „трагична човечка грешка“, изјави премиерот на земјата Киријакос Мицотакис.

Премиерот Мицотакис зборуваше по посетата на местото на верижниот судир меѓу патнички и товарен воз кој се случи во вторникот вечерта.

Локалниот шеф на железничката станица беше обвинет за убиство од небрежност, а грчкиот министер за транспорт поднесе оставка.

По посетата на локацијата, Мицотакис рече дека сè укажува на „трагична човечка грешка“.

– Судот ќе си ја заврши работата – рече тој во телевизиско обраќање и додаде:

– Луѓето ќе одговараат, а државата ќе биде на страната на народот.

Објавувајќи ја својата оставка, министерот за транспорт Костас Караманлис рече:

– Кога ќе се случи нешто толку трагично, невозможно е да се продолжи и да се преправаме дека не се случило.

Синдикатите велат дека несреќите се мултифакторни и дека несреќата ги истакна хроничните недостатоци, вклучително и недоволно персонал, неисправни сигнали и застарени капацитети.

Слични објави

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....