11.8 C
Скопје
13:00 - 30 март, 2026

Познатата српска пејачка се пофали со богатството: Син ми на 5 години има стан во Дубаи, а мојот во Србија вреди 300.000 евра

Српската пејачка Гога Секулиќ неодамна проговори за имотот и богтаството што го поседува, но и за љубовта. Имено, Гога откри дека нејзиниот син за роденден добил стан од нејзиниот татко иако има само пет години.

– Сега ексклузивно ќе кажам, можеби ќе се налути таткото. Тој доби стан во Дубаи од неговиот татко. Татко му доаѓа од Цирих за роденден. Најважно ми е што и двајцата родители ќе се таму. Децата треба да бидат почитувани и сакани колку што е можно повеќе – рекла Гога.

Таа верува дека двајцата родители учествуваат во воспитувањето на детето и открива каков однос има со поранешниот сопруг.

– Имаме добри односи, многу фер. Би сакала така да остане – заклучила Гога, а во една прилика проговорила и за недвижностите.

– Бидејќи пејачите се фалат дека имаат многу недвижен имот, ќе кажам сама, имам два стана и автомобил. Станот во Врачар вреди 300.000 евра. На него уредно го платив данокот – низ насмевка изјавила Гога во емисијата „Премиер Викенд Специјал“.

Покрај тоа, пејачката и сестра ѝ наследиле и големо богатство во Црна Гора.

– Сестра ми доби куќа покрај море, а јас планина во Мојковац – изјави Гога и додаде: Не е планина буквално, повеќе како рид, но не смеам да кажам колкав е ридот. Има многу хектари.

А на прашањето што планира да прави со толку земја, Секулиќ одговорила:

– Па, мислев на рафтинг. Мислам дека во иднина, кога ќе се пензионираш, треба да направиш нешто, ќе пеам од ридовите – се пошегувала таа.

Да потсетиме, Гога и Урош Домановиќ, со кој пејачката има син, се разведоа во март 2022 година.

Слични објави

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо
Се вчитува....