1.8 C
Скопје
11:21 - 18 декември, 2025

После свеќите со мирис на вагина, стигнува и парфем! (ФОТО)

Откако актерката Гвинет Палтроу (47) во својот лајфстајл бренд Goop произведе свеќа која се нарекува „Ова мириса како мојата вагина“, но изгледа дека со таа идеја инспирираше и други. Пејачката Ериках Баду (48) почнала да произведува асортман тоалетни води кои ќе бидат единствени. Така покрај останатото ќе има парфеми кои ќе имаат мирис на вагина, како што вели таа.

„Постои легенда дека мојата вагина ги менува мажите. Мажите кои ќе се заљубат во мене ја менуваат својата работа и живот“, рекла пејачката за 10 Magazine.

„Земав многу пара гаќи, ги исеков на мали парчиња и ги запалив. Дури и пепелта е дел од тоа. Луѓето тоа го заслужуваат“, додала таа.

Ериках моментално се припрема за лансирање на својата нова веб-продавница „Badu World Market“, каде воедно ќе се продава и новиот парфем, кои можеби ќе се распродаде со истата брзина како и свеќите на Гвинет Палтроу.

Актерката искомбинирала различни мириси помеѓу кои се истакнуваат игли, цитрусен бергамот, чедар и ружа. Цената на свеќата е 70 евра, а Гвинет ја опишала како забавна, прекрасна, секси и неочекувана. Необичното име за свеќата, како што стои на страната, настанало кога актерката во соработката со специјалистот за парфеми Даглас Лител испробувала различни мешавини и поправки. Наводно, кога го помирисала тој рекла „Ова мириса како вагина“ и тоа било тоа.

Палтроу инаку е позната како љубителка на „вагинални додатоци“ – како јајца од жад кои на своите клиенти топло им ги препорачува, а поради кои актерката морала да исплати оштета поради лажно огласување и ширење дезинформации преку фирмата Goop – пример, за тоа како тие јајца, инаку полускапоцени камења од жад обликувани во јајца кои ставаат во вагината – лечат инконтиненција, ублажуваат менструална болка, го подигнуваат либидото и прават се што може за здравјето на вагината.

Слични објави

Таа знае да ми дувне во моето жарче за да се одржи огнот во мене: Изненадување од посебна личност за Јордан Митев

msp-admin

Нада Топчагиќ во свој стил застана во одбрана на колешката: „И на Цеца и на Брена џабе им се парите, Вера изгледа најдобро!“

Еспресо

(Фото) Кафе со Анушка: Спасен Силјановски го покажа убавиот дом

msp-admin

Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинката на својот син, секој ден доаѓа возач да го земе малиот Александар

Еспресо

(Видео) Татјана Лазаревска го покажа домот во Австралија, еве што направија со Маријана Новачевска

Еспресо

Раде Шербеџија со концерт во Филхармонија на 23 јануари

Еспресо
Се вчитува....