18.8 C
Скопје
21:13 - 10 октомври, 2026

Поранешната вереница на Кличко претепана: „Го уби Господ во мене“, врескала актерката кога дошла полицијата (ФОТО)

Актерката Хејден Панетијер (30) на денот на вљубените била нападната од своето момче, колегата Брајан Хикерсон (31).

Полицијата го уапсила поради семејно насилство, откако поранешната вереница на боксерот Владимир Кличко (43) го обвинила дека ја удрил со дланката во лице.

Нападот го пријавиле нивните соседи кои виделе како актерот шета низ дворот откако таа го исфрлила од куќата. Полицајците известиле дека Панетијер имала црвено и отечено лице како и гребаница на раката.

Фото: Профимедиа

– Го уби Господ во мене – викала актерката во моментот кога се појавила полицијата. Брајан врескал дека „не сака да биде обвинет за некакви сра*а, но не кажал дали ја удрил Хејден.

Ова не е првпат актерката да биде нападната од насилниот партнер. Полицијата пред само девет месеци го уапси Хикерсон, бидејќи ја нападнал Хејден.

По првиот инцидент кој се случил пред неколку месеци, тие се видени заедно само две недели откако Брајан добил забрана да и се приближува.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут повеќе не го крие дечкото, објави фотографии на кои се бакнува со Емил  

Еспресо

Сека Алексиќ во центарот на шпекулациите по објавите на младата пејачка за украдени песни

Еспресо

Весна Змијанац со потресна исповед за најболните моменти од животот: Изгубив два сина…

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ ужива во луксузот на Капри – прошета во секси модно издание низ улиците на монденскиот град

Еспресо

Половина век без Силвана Арменулиќ – легендарната пејачка загина во страшна сообраќајна несреќа, а околностите за нејзината смрт и понатаму се мистерија

Е.А.

Никому не кажав кога почина Владо Јаневски, молчев и дека е болен: Влатко Плевнеш искрено за смртта на пријателот

Еспресо
Се вчитува....