18.8 C
Скопје
14:43 - 11 март, 2026

Поранешната сопруга на легендарниот боксер е пронајдена мртва!

Американската актерка и поранешна сопруга на легендарниот боксер, 43-годишниот Флојд Мејведер, Џоузи Харис, пронајдена е мртва во својот автомобил во Калифорнија на само 41 година. Иако истрагата е се уште во тек и точната причина за смртта е непозната, таа не се истражува како „смрт под сомнителни околности“, пишува „ТМЗ“. Меѓутоа, актерката која ненадејно почина и нејзиниот поранешен сопруг со кого има 3 деца, имаа многу турбулентен брак. Тој во 2010 година заврши во затвор, бидејќи над неа извршил семејно насилство.

„Бев жена чиј сопруг ја тепаше. Се срамев тоа да го кажам, ми беше непријатно. Се чувствував како јас да сум виновна. Што направив погрешно? Тогаш не знаев што значи да бидеш злоупотребена жена. Сега знам дека бев во многу дисфункционална, лоша врска и дека бев жртва на семејно насилство“, призна сега веќе починатата Џоузи во едно интервју.

Еден од нивните синови сведочеше за насилството врз неговата мајка и токму тој ги алармираше надлежните служби, и тоа откако избегал од дома. Откако Флојд беше пуштен од затвор, парот го делеше старателството над децата.

„Од некоја причина се уште станувам анксиозна кога знам дека е на пат да ги земе децата“, рекла тогаш актерката и многу фанови сметаат дека токму траумите кои ги претрпе се причина за нејзината прерана и ненадејна смрт. Сепак, точните причини ќе бидат познати откако ќе заврши истрагата.

Слични објави

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova
Се вчитува....