02:07 - 2 ноември, 2026

Поранешната девојка на Милош Биковиќ осудена: Еве колку казна доби актерката во случајот за шверц со дрога

Руската актерка Аглаја Тарасова и поранешна девојка на српскиот актер Милош Биковиќ беше осудена на три години условна казна затвор за шверц на вејп со масло од канабис.

Градскиот суд во Москва ја казни Тарасова и со 200.000 рубљи (околу 2.100 евра), пренесуваат руските медиуми.

Обвинителството побара условна казна од 3,5 години затвор за шверц на масло од канабис за вејп. Сепак, поради признанието на актерката, казната беше намалена.

Иако Аглаја го промени својот став за време на последното рочиште, таа сепак негираше дека го донела вејпот во Русија, но понуди нова верзија на неговата набавка. Претходно, актерката тврдеше дека купила уред што содржел масло од канабис во Израел и го донела во Русија за својот болен роднина. Сега тврди дека тоа било подарок.

Тарасова го добила во 2022 година од израелски бизнисмен што го познавала, кој работи во фармацевтската индустрија.

Актерката знаела дека станува збор за течност направена од билни состојки и се сомневала дека може да содржи „мала количина“ наркотична супстанца.

По објавувањето на пресудата, Аглаја Тарасова ја напушти судницата со нејзината мајка, Ксенија Рапопорт, и нејзиниот адвокат. Таа одби да коментира за пресудата, став што го задржа во текот на целата истрага.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....