18:15 - 22 септември, 2026

Урош Ќертиќ исекол човек со мачета во центарот на Белград: Полицијата трага по познатиот каскадер

Белградската полиција трага по Урош Ќертиќ, познатиот каскадер, кој денес претепал и најверојатно со мачета исекол маж во центарот на Белград, дознава „Телеграф“.

Повредениот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар и е надвор од животна опасност. Незавночно, по пресметката Ќертиќ го оставил крвавото оружје и побегнал.

Повредениот, наводно, им рекол на полицајците дека се познаваат од порано и дека имаат нерасчистени сметки.

Се огласи Ќертиќ

Тој за „Телеграф“ ја изнесе својата страна на приказната.

„Бев јас, да. Тој човек синоќа половина час пред зградата ми се закануваше дека ќе ме убие и ме викаше да слезам долу. Затоа што е патолошки заљубен во мојата поранешна, до скоро девојка, а тој е нејзин најдобар другар. Тоа е нејзиното потрчко кое е патолошки заљубен во неа. Трет пат веќе ми се заканува со живот. Ќе има судење, јас одам во Митровица да издржам 20 месеци казна за пиштол и насилство. Бев утрово, беа тројца, но јас нив никогаш нема да ги пријавам за гребење со нокти, но имам видео од синоќа каде што половина час вика: ‘Слез доле, мртов си, пи***’. Имам и пораки од пред месец дена каде што ми се закануваше. Утрово само дојдов по својата сопственост, а тој не сакаше да ми ги даде клучевите од мојот мотор. Од неговиот татко, со мирен тон, ги побарав клучевите, ми рече ‘Бегај од тука!’ и агресивно ми ја тргна раката од вратата  и доби кроше во глава“, изјавил Урош, пренесува „Телеграф“.

Кривични пресуди

Урош Ќертиќ е осудуван за кривично дело неовластено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи. Во август 2020 година, во ходникот на филијала на банка во Белград, неовластено носел пиштол во чиј шаржер имало 7 куршуми.

Сега е правосилно осуден на 20 месеци затвор, кои ќе ги издржува во затворот во Сремска Митровица.

Да потсетиме, во септември 2022 година Ќертиќ ја признал вината, поради што добил една година домашен притвор без можност за напуштање на просторијата, а неговиот адвокат Младен Магдалениќ тогаш за медиумите изјави дека на таа одлука била поднесена жалба.

Слични објави

(Фото) Полноќно изненадување за Маја Шупут во хотелската соба – го прослави роденденот во Лондон

Еспресо

(Фото) Македонскиот шминкер Марјан Петров го прослави роденденот во Милано, се сретна со Адријана Лима и Сијара

Еспресо

(Фото) Сања Кужет ја доведе линијата до совршенство – откри како ослабе 18 килограми по породувањето

Еспресо

(Фото) Браќата од „Некст тајм“ наполнија 40 години — малата Лиана остана будна до полноќ за да слави со тато

Еспресо

Алка Вуица ужива во улогата на баба: „Ни донесе среќа во нашето уметничко семејство“

Еспресо

Сергеј Варошлија отворено за нарушените односи со Лила Филиповска: „Не сакам да имам негативен електрицитет кон никого“

Еспресо
Се вчитува....