8.8 C
Скопје
01:11 - 29 септември, 2026

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Српската пејачка Вики Миљковиќ денеска го погреба својот брат Владица, кој по тешко боледување почина на 47-годишна возраст.

Популарната пејачка и долгогодишна членка на жирито на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ одлучила накратко да се повлече од снимањето за да биде со семејството во овие тешки моменти.

Поради семејната трагедија, Вики нема да присуствува на претстојните снимања на музичкиот натпревар, а нејзиното привремено отсуство ќе го пополни познатото лице, српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба.

Инаку, ова нема да му биде првпат на Кеба, со оглед на тоа што во неколку наврати ги менуваше членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ кога тие беа отсутни.

Да потсетиме, Вики Миљковиќ со потресни зборови се прости од својот брат Владица Миљковиќ која почина од рак.

Вики одржала трогателен говор во текот на комеморацијата, кој неколкупати го прекинувала поради плачење.

– Никогаш во животот не сум имала потешка и поболна задача да напишам неколку од овие реченици и да кажам нешто, а ниту самата не знам што. Не знам ниту како би требало да изгледа сето ова. Ќе се вратам на Владица, брат ми. Мислев дека овој ден никогаш нема да дојде и во изминатите неколку месеци цврсто верував дека ќе ја добиеш оваа битка, исто како што победи сè во животот. Човек никогаш не е подготвен за вакви работи. Сите што нè познаваат, а ве има многу, знаат дека нашата братска и сестринска љубов беше пример за тоа како треба да изгледа љубовта помеѓу брат и сестра и мислам дека тоа беше една од најголемите љубови што една сестра може да му ги покаже на братот. Додека го составував ова, чкртав и составував затоа што нема зборови да ја опишам оваа празнина и овој шок. Луѓето велат дека тоа ќе помине, но јас добро знам дека тоа нема да помине. Само ќе се смести некаде во некоја преткомора којашто ќе ја сокриеме од сите“, рекла, меѓу другото, Вики.

 

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....