Младиот пејач Хари Стајлс конечно ја раскажа приказната за инцидентот кој се одигра на Денот на вљубените, вечерта на 14 февруари, кога на улица во Лондон го пресретна група на крадци, кои му се закануваа со нож.
Во неодамнешно интервју на радио, пејачот откри повеќе детали за нападот, пишува „Фокс њуз“.
– Бев ограбен за Денот на вљубените. Се чини дека на тој ден таквите работи им се случуваат на оние кои не се во врска – се пошегува пејачот, па продолжи.
– Требаше да правам други работи, но тој ден бев дома, а во моментот кога се случи нападот бев на само пет минути оддалечен од својот дом. Шетав и здогледав група на момци кои носеа капи, па не можев јасно да им ги видам лицата. Ја исклучив музиката и продолжив да се движам. Се вртев лево, десно и забележав дека тие ја преминуваат улицата. Тогаш помислив дека се случува нешто чудно – изјави пејачот при гостување во една емисија.
Хари раскажа дека забележал како тие му се приближуваат и постојано го следат, па набргу сфатил дека имаат намера да го ограбат.
– Ми се доближија и ме прашаа: „Може ли да разговараме?“. Немаше никој друг околу нас, па и реков: „Секако“, а еден од нив ме праша дали пушам трева. Кога одговорив „Не“, ме праша дали сакам, а потоа и дали носам со себе иако му одговорив дека не консумирам – се сеќава Стајлс.
Пејачот тогаш им понудил пари, но тие сакале да му го земат и телефонот.
– Едниот од нив ми рече да го отклучам телефонот, а другиот ја повлече својата маица и ми покажа нож – раскажа Хари и додаде дека тогаш почнал да бега и се обидел да запре еден автомобил, но возачот не сакал да застане.
Сепак, на крај успеал да побегне на сигурно и напаѓачите престанале да го следат.
Портпаролот на лондонската полициска станица го потврди овој настан и истакна дека се работи на расчистување на случајот.