11.8 C
Скопје
20:23 - 3 април, 2026

Попоски: Провејување на снег се очекува понекаде и во населените места, еве кога ќе имаме најстудено утро викендов

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од о до 3 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 12 степени.

– До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен, особено денес долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени,а наутро истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.  Најстудено утро ќе имаме во сабота кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени.

Нов влажен и УШТЕ ПОСТУДЕН бран од север се очекува во недела особено доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник кога се очекуваат нови врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне СНЕГ а снежната граница особено во западните и во северните предели локално ќе се спушти дури и под 1000 м.н.в, со што провејување на снег се очекува понекаде и во населените места.

На планинските места и скијачките центри се очекува ново формирање, како и зголемување на снежната покривка – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

 

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....