8.8 C
Скопје
10:32 - 30 март, 2026

Попоски прогнозира: Еве до кога ќе имаме чести врнежи и можности за невреме

– До самиот крај на овој месец во Македонија продолжува ДОЛГИОТ период на променливо и МНОГУ НЕСТАБИЛНО време со повремени локални врнежи од дожд.

Од пладневните часови на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ Атмосферски процеси кои би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

И во делови од Скопската котлина понатаму ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На повидок нема никакво долготрајно стабилизирање на времето.

Температурите во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите повремено се очекува да се искачат и малку над 25 степени.

За првиот поизразен топлотен бран од Африка, како што доликува за овој период од годината и понатаму ќе се изначекаме – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....