24.8 C
Скопје
14:05 - 12 септември, 2026

Попоски најавува: Ни доаѓаат првите температури над 40 степени, еве кога

– Веќе на сите доста ние од секојдневните поројни врнежи и временски непогоди. Во текот на месец јуни, но и во овие први денови од јули, временските непогоди во Македонија, но и во целиот регион направија многу штети, истите предизвикаа и големи поплави на многу места.

Редно е да уживаме во вистинското лето и во првиот голем топол Африкански бран. Тие што ја сакаат плажата, сонцето и високите температури конечно ќе си дојдат на своето.

Следната седмица, територијата на Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров ќе бидат под влијание на многу топла воздушна маса од северните предели на Африка. Ќе имаме многу сонце, како и стабилно и суво време.

Температурите кои се очекуваат кај нас ќе бидат многу високи, и особено од средината на следната седмица тие насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, во Скопје и над 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурите ќе се искачат до околу 40 степени. Локално во овие предели температурата има можност да надмине дури и 40 степени.

Ув индекот ќе има многу висока вредонст, но за ова детали во деновите кои се пред нас.

Дали топлотниот Африкански бран кај нас ќе се задржи подолго време или не, останува да следиме и понатаму, па вие граѓаните навремено ќе бидете информирани за секоја ново – настаната временска состојба – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо
Се вчитува....