15:47 - 13 ноември, 2026

Берлускони во тестаментот оставил милиони за сите блиски – децата ја добија компанијата, а брат му Паоло и неговата девојка по 100 милиони евра

Во тестаментот на неодамна починатиот поранешен италијански премиер Силвио Берлускони кој е објавен денеска, се наведува дека поголемиот дел од компанијата „Фининвест“ ќе им припадне на неговите деца Пјер Силвио и Марина Берлускони.

Заедно, тие двајца ќе поседуваат 53 отсто од компанијата, објавува агенцијата АНСА.

Берлускони му остави 100 милиони евра на својот брат Паоло, исто толку и на неговата девојка Марта Фасина, додека на советникот Марчело дел Утри му даде 30 милиони евра.

Покрај распределбата на имотот, италијанската агенција објави и порака која италијанскиот бизнисмен им ја оставил на своите деца.

„Ви благодарам и многу љубов до сите вас. Вашиот татко“, рече Берлускони.

Одлуката за распределба на сопственоста на Фининвест бизнисменот ја донел уште во 2006 година, кога го составил својот прв тестамент.

Во тоа време, тој изјави дека Пјер Силвио и Марина Берлускони ќе добијат мнозинска сопственост на компанијата, но дека неговото наследство ќе биде подеднакво поделено. Остатокот од имотот ќе биде распределен на преостанатите деца – Барбара, Елеонора и Луиџи.

Ниту едно од децата нема да има директна контрола врз компанијата како што имал нивниот татко, наведува АНСА, додавајќи дека нотарот во следните неколку часа ќе ги изврши сите законски обврски.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....