15:34 - 13 ноември, 2026

Рики Мартин и неговиот сопруг Џозеф решија да стават крај на бракот, ќе останат пријатели и заедно ќе се грижат за двете деца

Познатиот пејач Рики Мартин и неговиот сопруг Џван Џозеф се разведуваат по 6 години брак.

„Одлучивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години“, изјави двојката за People.

„Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и однос заснован на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг“, навеле тие.

Рики и Џван ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година.

Во 2008 година, Рики Мартин ги доби близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....