8.8 C
Скопје
19:05 - 30 март, 2026

Попоски најавува голема снежна покривка: Снег и на пониските места, можеби и во вашиот град!

– Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север, како што најавивме, ќе го донесе првиот снег и на пониските места и тоа особено утре и во понеделник, особено во западните предели каде се очекува на повисоките места и на планините формирање на снежна покривка од над 15 цм, додека во населените места (градовите) понекаде ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 см.

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Во Скопскиот регион се очекува снег само на поголема надморска височина, односно особено на околните планините, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и напоменува:

Во некои пониски места (градови) и тоа особено во централните и југоисточните предели ќе врне дожд. Потоа во текот на следната седмица очекуваме ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО време и барем одсега гледано ќе има нови врнежи, но сепак детали околу ова овие денови.

 

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....