11:19 - 7 ноември, 2026

Попоски најавува голем пад на температурите, еве кога

– И во текот на целата наредна седмица во Македонија продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на локален попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради зголемената енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Во случај на појава на локално НЕВРЕМЕ, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, поради тоа што се можни нови ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.

Во Скопје и околината исто така во текот на целата наредна седмица во попладневните часови се очекува развој на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите остануваат како оние кои ги имавме до сега, односно ќе бидат без промени во поголем дел од следната седмица.

За вистинско лето нема никаква најава, него напротив, после 10-ти јуни на повидок е ГОЛЕМ ПАД на температурите и интензивни врнежи, како и северен ветер. Температурите тогаш ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за месец јуни. Студениот бран ќе го зафати целиот Балкански Полуостров по 10-ти јуни – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Славчо Попоски со летна прогноза: Еве какви ќе бидат јуни, јули и август

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....