03:18 - 8 ноември, 2026

Пол Грант неколку недели пред смртта: „Секс, дрога и рокенрол. Добар живот, но останав без пари“

Актерот од „Војна на ѕвездите“ и „Хари Потер“ – Пол Грант, даде интервју неколку недели пред неговата смрт, која беше потврдена вчера од неговото семејство (почина на 56-годишна возраст). Во интервјуто тој изјави дека треба да престане да пие и рече дека ги потрошил своите пари на дрога и ескорти.

Пол изјавил само пред три недели дека скоро се што заработил од филмовите го потрошил на пороци.

Тој рече: „Секс, дрога и рокенрол. Добар живот, но останав без пари.”

Во истото интервју се гледа како тој пие Џек Даниелс и иронично вели: „Пиев премногу. Треба да престанам да пијам“.

Пол беше пронајден од полицијата како лежи пред станицата „Кингс Крос“ во четвртокот попладне. Тој бил итно пренесен во болница, каде што дијагностицирале мозочен удар. Неговиот апарат за одржување во живот беше исклучен во неделата.

Девојката на Пол, Марија Двајер, го опиша како „љубовта на нејзиниот живот“ во нејзиното последното интервју. „Животот никогаш нема да биде ист без него“ – надополни таа.

Згасна ѕвездата на „Војната на ѕвездите“ и „Хари Потер“ – актерот го нашле онесвестен на улица

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....