17:01 - 31 март, 2026

Покренато обвинение против Боба Живојиновиќ, му се закануваат од 2 до 10 години затвор

Поранешниот тенисер и сопруг на пејачката Лепа Брена, Слободан Боба Живојиновиќ и Н.Р. се обвинети од страна на Третото основно јавно обвинителство во Белград за измама и двојна продажба на брод „Першинг 54“ по цена од 115.000 евра кој бил закотвен во Црна Гора.

За помагање во измамата, обвинителството покрена обвинение и против бизнисменот Александар Папиќ, кој неодамна беше уапсен за измама во Јавното претпријатие ЕПС.

Боба Живојиновиќ и Н.Р. се осомничени дека од март до јуни минатата година го довеле во заблуда М.С. директотрот на компанијата „Харвинтер“, додека Папиќ наводно им помогнал давајќи им совети и упатства како да го направат тоа.

Според неофицијални информации, постои сомневање дека двапати се обиделе да ја продадат јахтата по име „Мама Миа“.

Спрски „Курир“, дојде до ексклузивни фотографии и снимки од јахтата за која е обвинет поранешниот тенисер и сопруг на Лепа Брена, Слободан Боба Живојиновиќ, а за чие дело му се закануваат од 2 до 10 години затвор, како и парична казна.

– Живојиновиќ беше сослушан во октомври минатата година и се брани од слобода. Во меѓувреме течеше истрагата што резултираше со покренување обвинение, па може да се очекува наскоро да почне судењето – објаснил изворот за „Курир“.

Инаку, бизнисменот Александар Папиќ, кој е осомничен дека му помагал на поранешниот тенисер, бил уапсен на 12 февруари во голема антикорупциска акција за проневера во Јавното претпријатие ЕПС. Во меѓувреме, против него е покрената уште една истрага, поради сомнение дека продал девет скапи автомобили вредни над 700.000 евра, кои не се негови, туку во сопственост на агенција за изнајмување автомобили од Белград.

Како што пишува „Курир“, Папиќ продал еден од скапите автомобили, „Мерцедес бенз“ преку Ранко Радошевиќ, познат како Ранко Ескобар, само два месеци пред Радошевиќ да биде убиен на бензинска пумпа во Рушањ на 9 март 2023 година.

Слични објави

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.
Се вчитува....