8.8 C
Скопје
00:00 - 28 април, 2024

По две години се отвора најубавото црногорско одморалиште Свети Стефан, влезот се плаќа „солено“: Ни длабок џеб не гарантира место на плажа

Градот хотел Свети Стефан кај Будва по две години конечно е отворен за секојдневна посета на туристи. Сепак, оваа вест ги растажи граѓаните повеќе отколку што ги израдува. Сите кои сакаат да ја посетат оваа луксузна плажа, која во претходните сезони беше бесплатна и достапна за секого, ќе мора да платат „дебело“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @exploremontenegro_

Имено, Свети Стефан сега може да се посети преку ден по цена од 25 евра за возрасни. За деца до 12 години влезот е бесплатен.

Во градот се влегува во групи на секој час или час и половина.

Исто така, доколку летувате со малку поголема група, постои можност сите да не можете да престојувате во исто време на Свети Стефан. Имено, има ограничување од 10 возрасни лица по тура, но оваа бројка се предвидува да се зголеми во текот на следниот период.

Инаку влезните билети се купуваат во трговскиот центар кај летната театарска сцена. И треба да ги купите однапред.

Туристите сметаат дека цената на едночасовната екскурзија е превисока. Со ова се согласуваат и активистите од Иницијативата за враќање на Свети Стефан во целосна сопственост на државата, кои посочуваат дека ќе се залагаат цената да биде пониска.

„Во секој случај, работите тргнаа од ќор-сокак. Очекуваме Свети Стефан да биде отворен за дневни посети и во зимскиот период со намалена цена на билетот за граѓаните на Црна Гора. Од друга страна, има уште многу отворени проблеми кои мора да се решат согласно законите на Црна Гора и меѓународните конвенции“, посочија тие.

Инаку, од мај 2021 година, Свети Стефан беше затворен за туристи. Дотогаш беше под закуп од Аман Ресорт, ланец на луксузни хотели присутен во 20 земји. Во текот на минатата година се шпекулираше дека овој комплекс сакал да го купи познатиот српски бизнисмен Миодраг Костиќ Коле, но договор меѓу него и црногорската влада не бил постигнат.

Турстите кои сега мора да платат 25 евра за влез, велат дека Свети Стефан отсекогаш бил скап. До 2020 година, ако сакавте да стапнете тука на плажа, моравте да платите 120 евра зашто правилото беше дека за да се користи плажата мора да се плати „комплет за плажа“ односно лежалки.

Нови правила за туристи на одредени грчки плажи: Наплаќаат лежалки по четири часа

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....