18:11 - 6 април, 2026

Плач на девојка од Авганистан: Безвредна сум зашто сум родена во Авганистан, полека ќе умреме во историјата…

Очајувањето на авганистанското население откако Талибанците ја презедоа власта е повеќе од јасно од зборовите на една млада девојка од Авганистан, која објави видео на интернет.

 

„Немаме вредност затоа што сме родени во Авганистан. Никој не се грижи за нас, полека ќе умреме во историјата…“. Ова се зборовите на девојката, изговорени низ плач и во очај.

Името на младата жена не е познато, но таа најверојатно припаѓа на таканаречената „генерација З“, возрасна група која никогаш не ги видела Талибанците на власт во животот и која пораснала во сега поранешната авганистанска република -од вчера, талибанското знаме е поставено на претседателската палата.

По бегството во странство на претседателот Ашраф Гани, Талибанците официјално го прогласија новиот режим, всушност го сменија името на земјата – Исламски емират на Авганистан.

Во главниот град Кабул веќе имаше престрелки, смртни случаи и повредени, но со најголемата опасност се соочија сите мажи и жени кои соработувале со западната коалиција во изминатите две децении. За нив се стравува дека би можеле да станат жртви на насилни одмазди.

Слични објави

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо
Се вчитува....